Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девојката што изгоре на вагон додека снимаше видео за Тик Ток во Маџари пуштена на домашно лекување

Девојката што изгоре на вагон додека снимаше видео за Тик Ток во Маџари пуштена на домашно лекување

Седумнаесетгодишното девојче кое на железничката станица во Маџари претрпе тешки изгореници по грбот и нозете додека снимаше видео за Тик Ток, по безмалку еден месец лекување, сега е во добра состојба и пуштена дома, информира МКД.

Девојката која беше итно донесена во ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од кабелот под висок напон над вагонот е оздравена, стабилна и во добра здравствена состојба, потврдиле од Клиниката за пластична хирургија во Скопје

Нејзиниот живот е спасен благодарение на пожртвуваноста на лекарите од Итната медицинска помош, од КАРИЛ (Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување) и Клиниката за пластична хирургија.

Таа имаше изгореници од трет степен на 30 проценти од телото, одговорија од клиниката

Слично

Поврзани вести