ДЕВОЈКАТА ОД АЛБАНИЈА Е НАЈДЕНА КАЈ БЕЛВИ: Taa e добра, но ќе се изврши разговор за причините за исчезнувањето
Пронајдена е жива исчезнатата дваесетгодишна студентка од Албанија.
Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која вчера е пријавена за исчезната е пронајдена жива.
„Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето“, соопшти техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Семејството на девојката допатува од Албанија во Скопје. Нејзина пријателка објави апел на социјалните мрежи за пронаоѓање.
