Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девојка загина на Пониква

Девојка загина на Пониква

Девојка  загина во сообраќајка на Пониква. 

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу 2 часот се случила на регионалниот пат Кочани-Пониква.

Полицијата информираше дека автомобил „фолксваген туарег“, со бугарски национални ознаки, управуван од И.А(38) од кочанското село Облешево, излетал од коловозот. Во несреќата загина 31 годишната М.Б. од кичевското село Прибачево која била сопатичка во автомобилот.

„Другата сопатничка, Е.Г.(28) од с.Василево, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот“, информира МВР.

На терен излегле и од противпожарната единица од Кочани кои помагале лицата да се извлечат од автомобилот.

Слично

Поврзани вести