Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девојка пријавила тепачка по што еден од насилниците со нож ја нападнал во Полициската станица Велес

Девојка пријавила тепачка по што еден од насилниците со нож ја нападнал во Полициската станица Велес

Велешанец на возраст од 26 години во полициска станица со нож нападнал девојка која пријавила тепачка. 

Поради тепачката освен напаѓачот, се уапсени уште пет лица, на возраст од 24 до 62 години. 

„На 18.10.2022 во 00.20 часот во Полициската станица Велес бил приведен и задржан К.Ѓ.(26) од Велес, затоа што во полициската станица се обидел со остар предмет да ја нападне С.А.(23) од Велес. Имено, С.А. дошла во станицата да пријави нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на 17.10.2022 околу 23.15 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев” во Велес, за што од слобода биле лишени А.Ш.(34), Д.М.(33), С.М.(62), А.Ѓ.(27) и А.К(24), сите од Велес, а во која учествувал и К.Ѓ.“, соопштија од полицијата.

Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава. 

Слично

Поврзани вести