Девојка од Србија ограбена и силувана откако нелегално преминала граница
Млада девојка од Србија била силувана и ограбена во близина на Тетово откако нелегално ја преминала границата, а била пречекана од едно момче кое ја одвело со кола.
М.Б. од Ниш, Република Србија вчера пријавила силување и разбојничка кражба во полициската станица – Тетово, кои биле извршени над неа на 27 декември од Ј.Џ. од Тетово.
Според сознанијата на полицијата, М. Б (1993) откако ја преминала државната граница на див премин, Ј. Џ ја земал со кола и се движеле по шумски пат за с.Пирок.
Во еден момент истиот застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, по што ја донел во Тетово каде и рекол да излезе од возилото и не ѝ дал да си ја земе гардеробата и накитот кои ги носела со себе, по нејзино кажување во вредност од неколку илјади евра (брендирана роба).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.
