Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

Тело на почината 26-годишна девојка од Кавадарци е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип. Неофицијално, била почината веќе неколку дена.

Како што јави „ММС“ возила на полицијата и Итната медицинска помош биле забележани пред куќата, што било причина повеќе луѓе да се насоберат за да дознаат што се случило. 

Според првичните информации, девојката во куќата живеела по ќирија. Од СВР Штип повеќе информации најавија за денеска, додека увидна екипа била уште вчера на местото каде е пронајдена починатата девојка.

Од Обвинителството велат дека врз телото на девојката нема видливи траги на насилство, но за причините за смртта ќе се знае по обдукцијата, која се изврши во текот на утрешниот ден.

Телото на девојката е однесено и увидот е завршен, но за тоа како завршил овој млад живот, засега не може да се каже.

Слично

Поврзани вести