Девојка од Битола загина кај Тополчани
Осумнаесет годишна девојка од Битола загинала во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, денеска околу 11.30 часот, информираа од полицијата.
Девојката била совозач во фиат браво кое го управувала нејзина 38-годишна блиска роднина. Возилото излетало од патот во близина на селото Тополчани.
На лице место починала 18-годишната девојка, додека жената-возач била пренесена во битолскиот медицински центар каде и се констатирани телесни повреди.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Слично
