Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девојчето во тешка здравствена состојба, општина Аеродром бара ново сообраќајно решение на бул. „Србија“

Девојчето во тешка здравствена состојба, општина Аеродром бара ново сообраќајно решение на бул. „Србија“

Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на местото на тешката сообраќајна незгода на булеварот „Србија” во Скопје, во која беа повредени три лица. Несреќата се случила кога на тројцата пешаци - возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука налетало товарно моторно возило „Пежо Партнер” со велешки регистерски ознаки.

Поради сериозноста на повредите, жената и нејзината внука итно беа пренесени во Ургентниот центар. Во текот на ноќта жената починала, додека девојчето се уште се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Од ОЈО Скопје информираат дека веднаш по несреќата јавниот обвинител издал наредба за проверка на присуство на алкохол и наркотици во крвта и урината на возачот. Возилото е подигнато од местото на несреќата и предадено на вештачење, а се преземаат и сите неопходни дејствија за утврдување на фактите.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата жена ќе се врши обдукција. 

Општина Аеродром поднесе иницијатива за ново сообраќајно решение на бул. „Србија“

Општина Аеродром утрово поднесе иницијатива до Град Скопје за изнаоѓање ново сообраќајно решение на булеварот „Србија“ за зголемена безбедност во сообраќајот.

- Нашите служби реагираа веднаш по немилиот настан што се случи доцна синоќа на овој булевар. Општина Аеродром континуирано работи на зголемување на безбедноста на сообраќајот на улиците што се под нејзина надлежност со цел да ги превенира ваквите настани и да ја зголеми свеста кај учесниците во сообраќајот, се вели во соопштението од општина Аеродром.

Во рамките на овие активности, неодамна беше поставена хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата „Блаже Конески“, „Александар Македонски“ и пред клонот „Сонце“ на градинката „Бубамара“ во Реонски центар Аеродром. Ваква сигнализација во моментов се поставува и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“. 


Слично

Поврзани вести