Девојче составувало список за ликвидација по што е избркано од училиште
Ученичка е избркана од училиште во Хрватска затоа што составувала список за ликвидација.
Девојче во училиште во Бјеловар имало список на соученици за убиство, а оваа информација за Bjelovar.live ја потврдија бројни родители, загрижени што дури денеска дознале за тоа. Списокот за убиства со имиња и презимиња на учениците бил објавен пред неколку дена на ТикТок и кружи на социјалните мрежи.
Набргу по објавувањет за видеото била известена полицијата која за многу кратко време ја привела ученичката, а видеото набрзо било избришано. Сепак, наводно има скриншотови направени од ученици на училиштето, така што тие се уште може да се најдат. Медиумот пишува дека ученичката истиот ден е избркана од бјеловарското училиште. Bjelovar.live дознава дека сличен список на убиства немало само во едно училиште во Бјеловар.
Во Белград неодамна имаше масакр во училиште, каде 13 годишно момче уби чувар и осум ученици. Оттогаш, во земјава и во регионот имаше случаи на ученици кои составуваат списоци со закани.фото МИА
