Девојче со тешки изгореници - Горела семејна куќа
Според информациите на СВР Тетово, во пожар кој избувнал попладнево околу 16 часот во куќата на А.И. (34) потешко е повредено 5 годишно девојче кое се стекна со изгореници.
Огнот во во селото Врбјане, општина Маврово-Ростуше, опожарил дел од куќата, а неговото ширење го спречила интервенцијата на дебарската противпожана единица. Ќерката на сопственикот на куќата е згрижена во гостиварската болница, а од таму испратена како тежок случај на Клиниката за пластична хирургија. Во бесознание бил пренесен и сопственикот на куќата, кој најверојатно при пожарот вдишал од чадот и се онесевестил.
Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до пожарот.
Слично
