Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девојче мечтае да работи во Гугл, еве зошто...

Девојче мечтае да работи во Гугл, еве зошто...

Приказната на 7-годишната Клои трогна многумина на социјалните мрежи. затоа што таа напиша писмо и замоли за работа во Гугл. 

Девојчето добило одговор лично од главниот извршен директор,  Сундар Пичај. 

Она што најмногу ѝ се допаднало на Клои сепак не е големата плата која може да ја добие ниту локации на канцелариите, туку  нетрадиционалниот мебел кој е заштитен знак за канцелариите на компанијата.

За да е забавно и брзо, вработените таму се движат меѓу канцелариите со мали картинг автомобили.

Во „препораките за работа", 7-годишната Клои опишала дека има искуство со работа со компјутери и дека сака да се забавува заедно со останатите вработени.

Таа сака воедно да работи во фабрика за чоколади, но и да стане Олимписки шампион во пливање. 

Од Гуг на Клои и пишале дека ја чекаат нејзината апликација за работа штом ќе заврши со образованието. 

Слично

Поврзани вести