Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девојче искасано во сопствен двор во Кавадарци

Девојче искасано во сопствен двор во Кавадарци

Девојче од Кавардци се стекна со потешки телесни повреди откако во дворот од нејзината куќа влегло куче во сопственост на соседите и ја искасало за раката и ногата. 

Настанот се случил во саботата, додека малолетно дете си играло во дворот од куќата на улицата „ЈНА“ во Кавадарци, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес

– Во еден момент во дворот влегло куче од непозната раса, сопственост на соседите. Тоа го нападнало и каснало девојчето на левата рака и левата подколеница, при што, му нанело телесни повреди, појасни Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци. (МИА)


Слично

Поврзани вести