Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕВОЈЧЕ И ЖЕНА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ ШТИП - СВЕТИ НИКОЛЕ: Сообраќајот е во прекин

ДЕВОЈЧЕ И ЖЕНА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ ШТИП - СВЕТИ НИКОЛЕ: Сообраќајот е во прекин

Тешка сообраќајна незгода се случила денеска околу пладне на автопатот Штип - Свети Николе во која има и жртви. 

Како што јавуваат медиумите, две лица го загублие животот во сообраќајна несреќа на автопатот Штип - Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. 

Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна жена.

Повредени има и тоа со тешки телесни повреди, нивниот број се уште не се знае, а од страна на екипите на Брзата помош се транспортирани во штипската Клиничка болница.

Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица - Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.

Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи.

Локалната телевизија „М Нет“ исто така пренесува дека на автопатот се случила несреќа со жртви. Снимката во продолжение е од нивната Фејсбук страна. 



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести