ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ СЕ КРЕНАА - во јули се зголемија за 80 милиони евра, сега се 3,2 милијарди
Добра вест стигна од Народната банка.
Во јули се зголемиле девизните резерви на државава, откако претходниот месец имаа намалување.
Месечниот пораст е 80,5 милиони евра.
На крајот на јули девизните резерви се близу 3,2 милијарди евра, говорат податоците на НБМ.
„На крајот на јули 2022 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.196,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 80,5 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,3 отсто) по што следуваат валутите и депозитите (17,7 проценти) и монетарното злато (12,0 отсто)“, се вели во соопштението на централната банка.
Н.Н.Ф.
Слично
