Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девизните резерви пораснале за 25,6 милиони евра

Девизните резерви пораснале за 25,6 милиони евра
Девизните резерви на земјава во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот период лани се зголемени за 25 милиони и 600 илјади евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија. Годинава тие се на ниво од две милијарди 64 милиони и 800 илјади евра. Во вториот квартал од оваа година девизните резерви биле на ниво од две милијарди 39 милиони и 200 илјади денари, а намалување е забележано кај хартиите од вредност во споредба со претходниот квартал кај хартиите од вредност, кој забележале вредност од една милијарда и 707 милиони и 800 илјади евра. Кај монетарното злато е забележано зголемување за 14,6 милиони евра. Скок од 29,8 милиони евра е регистрирано кај валутите и депозитите. Вкупните девизни резерви во истиот период лани биле на ниво од две милијарди 103 милиони и 600 илјади евра, додека една година претходно биле само над 1,8 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести