Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Мајски пораст од 21 милион евра!

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Мајски пораст од 21 милион евра!
Раст на салдото на девизните резерви во мај. Според податоците на Нарoдната Банка, во петтиот месец од годинава вредноста на девизните резерви изнесува 1 милијарда и 920 милиони евра и во однос на април тие се зголемени за скоро 21 милион евра. Во април девизните резерви изнесувале 1 милијарда и 899 милиони евра. Според мерeњата на НБРМ, во мај е регистриран пораст на девизните средства врзани за конвертибилни странски валути чие ниво достигна 1 милијарда 715 милиони евра. Намалување има кај девизните резерви што се чуваат во злато. Така, во мај вредноста на златните девизни резерви изнесува 201 милион евра и во однос на април е регистрирано намалување за скоро три милиони евра. Вредноста на валутите и депозитите што се чуваат во дргите Централни Банки и кај Ммф изнесува 144 милиони евра, ниво кое е пониско во однос на април. Според јунскиот извештај на ЦИА (Central Intelligence Agency), Македонија се наоѓа на 113 -то место во светот според резервите на валути и злато. Од регионот најдобро е рангирана Србија со 67 - то место и девизни резерви од 15,9 милијарди долари, Хрватска е на 72 - то место со 11,46 милијарди долари, а Босна и Херцеговина е на 95 -то место со 5 милијарди долари во резерви на валути и злато. Интересно е што Словенија се наоѓа дури на 137 то место со само 889 милиони долари во резерви. Истражувањето на ЦИА опфатило 169 држави, а на врвот на листата е Кина со резерви од 3,8 трилиони долари, по неа е Јапонија со 1,28 трилиони, додека Европската унија во целина, се наоѓа на третото место со 864 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести