Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деветтемина велешани-туристи во Израел се вратија дома

Деветтемина велешани-туристи во Израел се вратија дома

Министерството за надворешни работи информира дека деветмината туристи од Велес кои се затекнаа во Тел Авив за време на нападите од Хамас врз Израел безбедно се вратени во Македонија.

Тие вчера беа прифатени на специјалниот лет на Владата на Албанија до Тирана, по што од таму продолжија кон Македонија.

Според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, кои МНР очекува да се пријават, или да бидат пријавени од нивните блиски во контакт центрите.


Слично

Поврзани вести