Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девет затворски казни за „Крвавиот четврток“

Девет затворски казни за „Крвавиот четврток“

Девет осуди за насилство на „Крвавиот четврток“ во Собранието на 27 април 2016-та од условни станаа затворски и напаѓачите ќе се спроведат в затвор, објави Алсат.

Апелацискиот суд ги преиначи првите девет условни казни за насилство во Собранието на 27 април, во ефективен затвор. Девет обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите истиот месец им пресуди условни казни. 

По жалбите на Обвинителството, Апелација условните ги преиначи во ефективни затворски казни и сите девет лица, ќе треба да одат во затвор. Меѓу осудените највисока казна доби Димче Христовски викан Жабата кој беше осуден на една година и шест месеци условен затвор.

 Од Апелација за Алсат М објаснија дека решенијата со изменетата одлука за ефективен затвор, ќе ја препратат до скопска единица денеска, а спроведувањето на деветте лица во затвор е обврска на Кривичниот суд

Слично

Поврзани вести