Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девет осомничени за насилствата на 27 април ќе седнат на обвинителна клупа

Девет осомничени за насилствата на 27 април ќе седнат на обвинителна клупа

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за упадот во Собранието од 27 април.

Девет лица ќе седнат на обвинителна клупа. Од нив двајца се во притвор, а двајца во домашен притвор.

Во својство на сведоци се повикани повеќе лица меѓу кои и припадници на обезбедувањето на лидерот на СДСМ,  Зоран Заев, обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи,  Оливер Спасовски и внатрешното обезбедување во Собранието. 

Првото рочиште беше одложено затоа што не се појави првообвинетиот Ангеле Зафировски, наречен Бате Геле, кој  е еден од деветтемина обвинети  за  „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

На социјалните мрежи се најавени собири на граѓани од здружението „Тврдокорни“.

Слично

Поврзани вести