Девет месеци лекар ја лажел дека е бремена, се јавија и други жртви
Жената која нејзиниот гинеколог цели девет месеци ја манипулирал и лажел дека е бремена, не е единствена, објави Нова.
Веднаш по објавувањето на сторијата, се јавија десетина жени кои раскажаа слични искуства со гинекологот против кој е поднесена тужба. Некои од нив застанаа со име и презиме зад своите изјави, други сакаа да бидат објавени со нивните иницијали, пишува Нова.
Своето искуство со гинекологот го сподели Л.К од Скопје.
„И мене ми соопшти дека сум бремена, иако бев сигурна дека не сум бидејќи пред да ми направи ЕХО направив тест за бременост. Знаејќи колку желно чекаме бебе, излезе во ходникот и гордо му соопшти на мојот сопруг дека ќе стане татко, дури го викна да го види бебето на ЕХО. Мојот сопруг полета од радост, а јас пред лекарот му реков да не се радува непотребно бидејќи јас знам дека не сум бремена“ - вели таа.
Јавното обвинителство работи на случајот.
