Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕВЕТ ЛИЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА: Затвореник од штипскиот затвор е позитивен на Ковид -19

ДЕВЕТ ЛИЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА: Затвореник од штипскиот затвор е позитивен на Ковид -19

Затвореник од штипскиот затвор е позитивен на коронавирус. 

Ова е прв случај на коронавирус во штипскиот затвор. 

Директорот Мики Тодоров вели дека во изолација се ставени девет осудени лица, еден вработен во затворот, додека на лекарот, стоматологот и на медицинскиот техничар во затворската амбуланта им е наложено да се тестираат.

Извршена е и дезинфекција на затворот, а заразеното осудено лице било сместено во полуотвореното одделение.

Министерството за здравство денеска соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 317 нови случаи на Ковид-19 во целата земја.

Во земјава има и заразени наставници, кои не оделе на работа, туку работеле онлајн од дома. 

Слично

Поврзани вести