Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девет лица приведени по протестот за името

Девет лица приведени по протестот за името

Девет лица се приведени по синоќешниот протест во центарот на Скопје и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 23 часот во одговорно лице од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ телефонски  пријавило дека на партискиот објект на плоштадот непознати лица фрлале боја.  На лице место излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21:40 часот, повеќе лица со маски – фантомки почнаа со фрлање на камења кон полицискиот кордон, но веднаш потоа се повлекоа во правец кон Жена парк. При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпер, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од полицијата. 

Слично

Поврзани вести