Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девет лица повредени во 13 сообраќајки во Скопје

Девет лица повредени во 13 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, седум со лесни телесни повреди и четири со материјална штета.

Според информациите од  полицијата, по преземените мерки и активности констатирано е дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: еден возач поради тоа што управувал моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четворица затоа што биле возачи почетници.

12 возачи се санкционирани бидејќи управувале нерегистрирани возила, еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, како и двајца возачи коишто недале првенство на минување на пешаци. Поради техничка неисправност едно возило било исклучено од сообраќајот.

Покрај ова, санкционирани се и 12 пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а еден пешак - затоа што поминал коловоз на црвено светло.

Во вчерашниот ден  издадени се 86 мандатни платни налози, додека 59 возила се подигнати со специјално возило "пајак", соопшти полицијата.


Слично

Поврзани вести