Девет години и четири месеци затвор за убиецот на Јанушев
Филип Секуловски, убиецот на Мартин Јанушев доби казна од 9 години и 4 месеци затвор. Пресудата е изречена денеска во Kривичниот суд, откако тој го признал делото уште на почетокот од судењето.
Убиството на Јанушев се случи на 3. ноември 2017 година во населбата Аеродром пред зградата во која живееше Мартин.
Секуловски беше во бегство скоро две години, а потоа самиот се пријави и сега се наоѓа во притвор.
Тој го сторил убиството додека бил на викенд од одслужување на друга затворска казна.
Слично
