Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕВЕТ ДЕНА ДЕБАТИ ВО КРУГ: Пратениците на нова седница

ДЕВЕТ ДЕНА ДЕБАТИ ВО КРУГ: Пратениците на нова седница

Собранието влегува во деветта рунда.

Речиси повеќе од недела дена пратениците трчаат во место заглавени меѓу партиските реплики и контрареплики и тиранската платформа.

Вчера дел од пратениците на СДСМ ја напуштија седницата бидејќи како што рекоа не сакаат да ги слушаат истите приказни.

Во Собранието останаа само седум пратеници вклучувајќи го и лидерот Зоран Заев.

По излезот од салата пратениците на СДСМ и коалициите се собраа во клубот на пратеници.

„Немаме потреба да седиме во сала и да ги слушаме истите приказни од јануари. Оснатаа само неколку пратеници како би го контролирале текот на дебатата“, изјавиле дел од пратениците.

Денес е деветиот по ред ден на кој ќе се дебатира за предлогот за состав на собраниската комисија, што е предуслов за избор на претседател на парламентот.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести