Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

Ученик на возраст од 12 години од ОУ „Блаже Конески“ од Велес вчера заврши на Клиниката на неврохирургија во Скопје со тешки повреди на мозокот, откако друг основец го давел и му ја удирал главата.

Полицијата соопшти дека повреденото дете е однесено со итна медицинска помош во велешката болница.

„Во Полициска станица Велес, вчера, 20 ноември било пријавено дека во Општинско основно училиште во Велес малолетник физички нападнал друг малолетник, кој е негов соученик. Со Итна медицинска помош Велес нападнатиот малолетник бил однесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. СВР Велес презема мерки за расчистување на случајот“, изјави Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

За нападот синоќа јави локалниот медиум Дума.мк, според кој, при приемот во хирушките амбуланти на велешката болница детето било во поспана состојба и имало крварење од увото.

Слично

Поврзани вести