ДЕТЕТО Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Случаен минувач нашол бебе оставено во центарот на Велес
Случаен минувач нашол бебе оставено во центарот на Велес и го однел во болница. Таму се појавила и мајката. Детето е во тешка состојба.
За случајот информираа од велешката полиција, од каде велат дека, по кусо време во болницата дошла С.К., која имала околу 20 години. Според зборовите на докторката која била дежурна, жената којашто пристигнала се претставила како мајка на бебето, но потоа ја напуштила болницата. Дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување на бебето.
Слично
