Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детектиран e oмикрoн кај 9 пациенти од Скопје и Кочани, информира Министерството за здравство

Детектиран e oмикрoн кај 9 пациенти од Скопје и Кочани, информира Министерството за здравство

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. 
„Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Оомикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани“, соопштија од Министерството за здравство. 
Претходно, во декември имаше еден случај на заразен со омикрон. Се работеше за лице кое се вратило од Британија. 

Слично

Поврзани вести