Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дете во Скопје напишало закани на училишна клупа по што заврши во полиција

Дете во Скопје напишало закани на училишна клупа по што заврши во полиција

Во Скопје 10 годишно дете на клупа во училиште напишало заканувачки текст, по што полицајци разговарале со него. 

Полицијата соопшти дека денеска полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје извршиле службен разговор со малолетник и со неговите родители, постапувајќи по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи. Полицијата вели дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходно, ученици во Скопје составувале список со имиња на соученици, а и во Тетово две деца кои имале по 11 години оставиле писмо со закани во тоалетот во училиштето, по што со родителите се повикани во полиција. Гимназијалец во Штип деновиве е уапсен откако на Инстаграм упатил закани. Кај ученик во Крива Паланка е најден нож. Во Србија имаше два масакри, од кои едниот во училиште, по што полицијата во земјава презема мерки доколку има закани. 

Слично

Поврзани вести