Дете се бори за живот откако е прегазено кај Јаја Паша
Четири годишно дете од село Моранe се бори за живот во Градската општа болница.
Тоа околу 13 часот со автомобил е прегазено од 62- годишник.
Сообраќајната несреќа се случила на улицата „Цветан Димов“ кај Јаја Паша. Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ случајот го пријавиле в полиција и известиле дека детето е во критична состојба, без сознание и веднаш пратено на операција, соопштуваат од полицијата.
Од полицијата и јавен обвинител е извршен увид.
Слично
