Дете повредено по удар на автобус во Скопје
Малолетно дете вчера било удрено од автобус додека преминувало улица по што итно било пренесено во болница поради сериозноста на повредите.
Вчера во 15.10 часот на ул. „Лука Геров“ во Скопје, веднаш по крстосницата со ул. „Лазо Дамовски-Ошенски“, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Р. (43) од с.Љубин, скопско, удрил во деветгодишно дете од Скопје.
Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Слично
