Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дете од 10 години ќе ја разбере приказнава“: Михаилов револтирано прашува 'како да се бориме со метастазиран криминален систем'

„Дете од 10 години ќе ја разбере приказнава“: Михаилов револтирано прашува 'како да се бориме со метастазиран криминален систем'

Командир на Шумска Полициска Станица фатен како вози камион со кој превезува дрва на територијата на неговата подружница!

500 дена после настанот, судот носи пресуда со која ги враќа камионот и дрвата!

Ова го објави на својот фејсбук профил Кире Михаилов, заменик директор на ЈП „Македонски шуми“, кој укажа дека „во пресудата е наведено дека државата ќе треба да плати милионска отштета за 500-те денови поради тоа што возилото и дрвата биле "незаконски" одземени!“

- АЈДЕ МАЈКАТА!!!

Па дете од 10 години ќе ја разбере приказнава, не мора да се трудиме да ја објаснуваме!

Сега после ваква пресуда, сметам дека легитимно е да ги прашам граѓаните дали е попаметно и јас да се качам на камион и да си возам дрва место да се правам будала низ целата држава борејќи се со целиот систем?

Легитимно е да прашам некои од судиите дали јас како Директор во ЈП "Македонски Шуми" е подобро да возам камион со дрва, да си правам дополнителен приход, да бидам мирен, смирен и финансиски многу подобар наместо ова што го работам без ниту една дневница плус, без ниту еден денар дополнителен приход?

Па поради тоа кое јас лично го работам, во очите на секој од тие криминалци од шумската мафија сум крвен непријател кој кога тогаш ќе сакаат да му се осветат?

И како всушност да се бориме со тој скоро целосно метастазиран криминален систем?

Со кого?!?

Против кого?!?

Како да се бориме, а?!?!?

Системот во оваа држава треба да им служи на граѓаните, а не на интересите на поединци заради остварување на нивни лични интереси!

И да, ова не е првоаприлска шега туку вистината за трулиот, невидено криминално метастазиран систем поради кој МАКЕДОНИЈА плати невидена, немерливо висока цена! - пишува Михаилов во објавата, во која сподели и фотографија од дел од пресудата. 
Еве ја неговата објава.


Фото: Архива

Слично

Поврзани вести