Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дете на возраст од 7 години пријавило дека во училиште во Житоше има поставена бомба

Дете на возраст од 7 години пријавило дека во училиште во Житоше има поставена бомба

Дете на возраст од 7 години од Прилепско лажно пријавило бомба во училиште.

Од СВР Битола велат дека вчера, 16 јануари во 18.16 часот, од својот мобилен телефон малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил во полицијата дека во училиште во селото Житоше има поставена бомба. Се работи за лажна пријава. Извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие раскажале што се случило. 

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при прилепската полиција денеска е поднесен извештај до Основното јавно обвинителство – Прилеп поради лажно пријавување за кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

Од Обвинителството велат дека кога е во прашање малолетник, и тоа седумгодишен, се известува Центарот за социјални работи од каде треба да разговараат со родителите и да им упатат укор.

Претходно, беше откриено дека двајца малолетници од кои едниот од Скопје и друг од Кавадарци упатиле лажни дојави за бомби во училишта, а за истото дело откриено е дека дојави испраќал маж од Тетово, но и жена од Скопје која имала здравствени проблеми. Македонија со месеци се соочува со лажни дојави за бомби. Лажни дојави имаше за објекти во Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кавадарци и други градови. 

Слично

Поврзани вести