Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детали за земјотресот почувствуван во Западна Македонија

Детали за земјотресот почувствуван во Западна Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 110 км западно од од Скопје, во соседна Албанија.

Земјотресот е почувствуван во 12.30 часот со Рихтерова локална магнитуда 4.3. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван најсилно во западните делови на Македонија и тоа во Дебар со интензитет од IV-V степени и Гостивар со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала. 

Во Скопје и во југозападните делови од територијата на Р. Македонија во Кичево, Тетово, Охрид и Битола земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слично

Поврзани вести