Детали за земјотресот почувствуван во Скопје
Во 15.54 часот е почувствуван земјотрес во Скопје и во северозападниот дел на Македонија.
Епицентарот на земјотресот е на 116 километри од Скопје, во соседна Албанија. Земјотресот бил со интензитет од 5.2 степени според Рихтер, на длачбочина од 10 километри. Потресот бил на 32 км западно од Пешкопеја и на 2 километри северо-западно од Курбнеш. Според информациите објавени од Европската сеизмолошка станица, потресот е почувствуван во Косово, Србија и Црна Гора.
Земјотресот првично го регистрираше Сеизмолошката опсерваторија во Подгорица.
Нема информација за причинети штети од земјотресот.
Слично
