Детали за свадбата во Арачиново: Полицијата ќе поднесе и пријави
Полицијата потврди дека имало свадба во Арачиново со 200 лица. Оттаму информираа дека е ќе поднесат кривична пријава.
„На 22.10.2020 околу 21.00 полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Арачиново. Притоа, во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19, стои во соопштението.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, ќе продолжат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус.
