ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО БУТЕЛ: Уапсено е едно лице
Вчера во 23.40 часот од ул.10 во с.Сингелиќ, полицијаци го уапсиле Д.Ј.(29) од с.Сингелиќ поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело„предвизвикување општа опасност“.
Истиот ден во 17,47 часот О.И.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје во близина на новиот дел после подвозникот во близина на Земјоделски институт од патничко моторно возило „фолксваген пајтон“ и патничко моторно возило „ауди 4“ во кои биле четири непознати лица со автоматско оружје и пиштоли пукале кон застанато возило, а потоа и кон пријавителот, С.Х.(29) и Р.Х.(58) кои биле на плац во нивна сопственост.
По кажување на пријавителот истиот во напаѓачите ги препознал Д.Ј. и А.М. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што се пронајдени и подигнати за вештачење околу 20 чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
