ДЕТАЛИ ЗА КИДНАПИРАЊЕТО НА КАЈМАКОВСКИ: „Му се приближиле со нож, го ставиле во автомобил и го врзале“
Даниел Кајмакоски беше киднапиран синоќа во Белград, откако го заврши својот настап на локацијата - Бетон Хол, пишува српски Курир.
Како што се претпоставува, двајца странски државјани му се приближиле со нож и пиштол , а инцидентот се случил кога пејачот излегол од барот каде што пеел. Го ставиле во автомобил и го врзале, а се појави и видео од киднапирањето.
Бидејќи контролите беа зголемени за време на викендот, полицијата сигнализираше да застане за време на редовна контрола, но тие не го сторија тоа.
Некаде во исто време кога полицијата започнува потера, а еден пријател пејач го пријавува киднапирањето.
Во близина на Рума, на кривината удриле во брег. Потоа киднаперите избегале од полицијата, а Даниел Кајмакоски останал во возилото.
Намерата била да се јави кај неговото семејство за да побара откуп. Потрагата по киднаперите сè уште е во тек.
