Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детали за драмата во Тафталиџе - побран притвор за скопјанецот што си го уби зетот и го рани внукот

Детали за драмата во Тафталиџе - побран притвор за скопјанецот што си го уби зетот и го рани внукот

Вистинска драма се случувала во петокот вечерта во населбата Тафталиџе во Скопје, кога шура си го уби својот зет заради нарушени семејни и имотно правни односи.

Настанот подобро го објасни Основното јавно обвинителство Скопје, од каде јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничено лице, кое пукаше и уби едно лице, а рани друго за време на расправија во продажен објект во скопската населба Тафталиџе.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека извршило кривични дела – Убиство од чл.123 ст.1, Убиство од чл.123  ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик“, соопштија од обвинителството.

Таткото со својот син дошле кај осомничениот во продавницата, кој неовластено го чувал кај себе својот пиштол. Му тропале на врата во обид да ги решат недоразбирањата, но тоа за нив било кобно. Таткото беше убиен, а синот погоден во колкот и стомакот и пренесен во Болница.

„На 20 декември, на улица „Московска“ во Скопје, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Чешка Зброевка“ модел VZOR 50 cal калибар 7.65. Со оружјето со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот. Кога оштетените татко и син дошле пред дуќанот на осомничениот и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања, тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив. Во тој момент тие се оддалечиле, па осомничениот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и го зел пиштолот и започнал да пука кон нив. Еден од оштетените починал на лице место, додека другиот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во пределот на десниот колк и абдоменот“ се наведува во соопштението на обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител проценил дека во конкретниот случај се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

А главниот град завчера вечерта беше потресен од убиството што се случи во населбата Тафталиџе. Сторителот на убиството беше приведен.

МВР соопшти дека сопственикот на продавницата В.Ш. (55), по рсправија со пиштол пукал кон неговиот зет за сестра С.Д. (55), кој починал на самото место. Неговиот внук од сестра Ф.Д. (25), бил погоден со куршум и префлен во Ургентен центар.

Слично

Поврзани вести