Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детали: Сите досегашни пресуди за нападот на Зијадин Села

Детали: Сите досегашни пресуди за нападот на Зијадин Села

Сите седуммина обвинети за нападот врз пратеникот Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, добија над десет години затвор.

Највисока затворска казна од 13 години шест месеци доби обвинетиот Никола Војминовски. По 13 години добија обвинетите Кире Георгиевски и Александар Јаневски Тошта.

Андреј Мицов, Коста Делов, Оливер Ошавковски и Николче Димитриевски се осудени на 10 години и шест месеци затвор. Судечкиот совет донесе решение сите обвинети до правосилноста на пресудата да бидат во притвор, петмина во затворот во Шутка, а Никола Војминовски и Александар Јаневски Тошта во куќен притвор.

Според образложението на пресудата, сите обвинети учествувале во крвничкото претепување на пратеникот во законодавниот дом. Го гаѓале со клоци и тупаници, со држач за камера, со подлога од фотелја и со други предмети, се додека не паднал во бессознание и мислеле дека е мртов.

Пред оваа пресуда, казна затвор од три години на Стојан Павловски и една година и два месеци за Цејо Георгиевски, откако двајцата принзаа вина за насилството врз Села.

За обвинетиот Сашо Сенков обвинението беше повлечено поради немање на докази.

Првично за нападот врз пратеникот беа обвинети десет лица, но со новата снимка што ја приложи како доказ обвинителството, ослободен беше еден од обвинетите, а за двајца беше преквалификувано делото во поблаго дело, односно беше утврдено дека не го учествувале во нападот на Села, но сепак напаѓале пратеници во Собранието.

На „крвавиот четврток“ што се случи во Собранието беа нападнати пратеници, новинари и обезбедувачи, но пратеникот Зијади Села едвај остана жив. За упадот во собраниеот веќе е поднесено обвинение против триесетина лица и закажано судење за на 22 август. За нарачателот  на упадот се уште нема обвинение.

Во моментов се водат и други обвинениеја за насилството на „крвавиот четврток“ против неслужбени и службени лица, но тие не се поврзани со тепањето на Села.

Слично

Поврзани вести