ДЕТАЛИ ОД УБИСТВОТО: По расправијата со чекан го удрила невенчаниот сопруг во тилот додека лежел во дневната, притвор за тетовката
Пртвор во траење од 30 дена и е одреден на триесет идеветгодишната тетовка А.С. која вчера го уби нејзиниот вонбрачен сопруг, па сама се пријави во полиција. А.И. кој имал 51 година, како што соопшти тетовското Обвинителство, во критичниот момент лежел на душек поставен на подот во дневна соба која се наоѓала во подрумските простории. Претходно имале физичка и вербална расправија.
„Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11:00 часот, во подрумските простории на подмолен начин го лишила од живот оштетениот – нејзин вонбрачен сопруг. По претходна физичка и вербална расправија меѓу нив, осомничената со употреба на тврд предмет – чекан му задала неколку удари во тилниот дел од главата на оштетениот, додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба во подрумските простории. Од нанесените повреди оштетениот починал на самото место, велат од Обвинителство.
Откако и е одреден притвор тетовката А.С. е спроведена во затворот во Скопје каде треба да ја помине мерката притвор од 30 дена.
Од СВР Тетово информираат дека минатата година таа го пријавила сопругот во полиција за расправање и навредување.
„Тетовката А.С.(39), осомничена за убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг, А.И, досега во СВР Тетово има поднесено само една поплака против сопругот и тоа на 14 октомври минатата година. Тогаш се пожалила дека сопругот се расправал со неа и ја навредувал, по што таа ја напуштила просторијата во која биле двајцата сопружници. Набрзо, А.И.(51) бил повикан во Полициската станица Тетово и бил предупреден, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
