ДЕТАЛИ ОД НЕСРЕЌАТА КАЈ ХИПОДРОМ: Хондата се превртела, тројца се повредени
Едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со телесни повреди, во сообраќајката што се случи утрово во 04.30 часот на автопатот Велес – Скопје кај клучката Хиподром. Сообраќајот е се уште во прекин, а од Министерството за внатрешни работи за МИА информирале дека, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(65) од Скопје, се превртело на коловозот.
Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка и Н.И.(52) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
ФОТО Сител
Слично
