Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕСТИНАЦИИ НА LONELY PLANET ЗА 2020: Македонија се најде на трето место

ДЕСТИНАЦИИ НА LONELY PLANET ЗА 2020: Македонија се најде на трето место

Северна Македонија изобилува со дотраени и напуштени цркви, живописни планински села и историски докази за безбројните освојувачки империи. Вака е опишана нашата земја која е во топ дестинации за посета во 2020 година. 

Бутан, Англија, и Македонија. Овие земји се на врвот на листата на топ туристички дестинации за 2020 година што ја состави компанијата Lonely Planet од Австралија. Како препораки за земјата се наведуваат природата, гастрономијата и античката традиција.

„Земјата е веќе позната по вкусната традиционална храна, по преубавите пејзажи и природа и античката традиција. Изговор плус за посета на зависниците од адреналин и култура за наредната година треба да бидат новите авио-конекции до Охрид и Охридското езеро што е под заштита на УНЕСКО и 495 километарската шарпланинска патека“, стои во описот. 

Објавени се неколку приказни кои ја доловуваат убавината на Македонија. 

Во топ 10 дестинации се вброени и Аруба, Свазиленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.

Слично

Поврзани вести