ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Попладне седете си дома-се најавува невреме
Утрово беше сончево и топло, на места умерено облачно, но како што се доближува попладнето се очекува локална појава на нестабилост која најмногу изразена ќе биде на северот од земјата.
Дневната температура ќе се движи од 23 до 29 степени.
Според најавите на УМХР во Скопје се очекува сончево и топло претпладне со мала до умерена облачност и со умерен западен ветер додека попладне најавуваат локална појава на краткотраен дожд и појава на ретки грмежи.
Во недела се очкеува дожделиво време од претпладне.
Врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Се најавува повремено дување на засилен северозападен ветер, што ќе услови позначително намалување на дневната температура и тоа за 5 до 7 степни.
Наредната работна недела во понеделник ќе стартува со благ пораст на температурите но и дување на северен ветер.
Се најавува нестабилно време со пороен дожд и грмежи.
