ДЕСПОТОВСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе понесат одговорност за ова однесување!
Јован Деспотовски од СДСМ, вели дека поединци од моменталното раководство на партијата, се кријат зад името на СДСМ и истото го користат за сопствена агенда и лични потреби.
„Поединци од моментното раководство на партијата продолжуваат да се кријат и да го користат големото име на СДСМ за сопствена агенда и лични потреби.
Нема да учествувам во креирањето на поделби и „копањето на ровови“ во СДСМ. Тоа не и носи корист ниту на СДСМ, ниту на државата. Оние што тоа го прават, без разлика на која функција се наоѓаат сега, ќе понесат одговорност за ова однесување.
Заедно со десетици илјади наши искрени и посветени другари – јас бев, сум и останувам СДСМ“, напиша тој.
Слично
