Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕСПОТОВСКИ: СДСМ не смее да дозволи членовите да ги враќа од избирачките места

ДЕСПОТОВСКИ: СДСМ не смее да дозволи членовите да ги враќа од избирачките места

На голем број на членови на СДСМ не им било овозможено да гласаат, вели Јован Деспотовски, кандидат за лидер на партијата. 

Деспотовски денеска по гласањето во Општина Карпош изјави дека очекува дека до крајот на денот ќе се почитува принципот на демократски изборен процес. СДСМ, како што вели, е политичка партија која што во ниту еден момент не смее да си дозволи своите членови да ги враќа од избирачките места.

„Јас очекувам дека целата оваа енергија што успеавме изминативе денови да ја мобилизираме, енергија за промени, денеска да се ефектуира, односно да се случи преку гласањето. Очекувам до крајот на денот ќе се почитува принципот на демократски изборен процес и дека членовите на СДСМ ќе изберат еден нов почеток кој што треба да почне уште утре“, рече Деспотовски.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче кажа дека гласањето се одвива мирно, во позитивна атмосфера. 

Политичката партија СДСМ денеска избира нов лидер. Вчера од трката се повлече поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, па на денешните избори ќе се гласа за тројца кандидати. 

Регистрираните 23.000 членови со право на глас ќе бираат меѓу се екс министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, Јован Деспотовски директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Александар Бајдевски заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Слично

Поврзани вести