Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деспотовски по оставката на Димитар Ковачевски: Задоцнета одлука!

Деспотовски по оставката на Димитар Ковачевски: Задоцнета одлука!

Поранешниот кандидат за претседател на СДСМ и директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, ја искоментира вчерашната оставка на Димитар Ковачевски на челото на партијата како задоцнета.

„Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока. Мораше да се случи многу порано“, искоментира денеска функционерот во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

Тој очекува, како што најави во својата оставка и самиот Ковачевски, и другите членови на раководството да го следат примерот на поранешниот премиер.

„Очекувам овој чекор да го следат и сите останати членови на партијата за да можеме веднаш да примене во делот на отворена дискусија кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл. Факт е дека бројот на гласови е на историски минимум за жал. Мора да гледаме како понатаму.“ рече Деспотовски.

Слично

Поврзани вести