Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десниот блок ги утврди листите, кои се носителите?

Десниот блок ги утврди листите, кои се носителите?

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски и Достоинство на Стојанче Ангелов ги договорија носителите на листи.

Неофицијално, во првата изборна единица носител ќе биде Ден Дончев, кој ќе биде и шеф на Изборниот штаб, објави Фокус. 

Во втората изборна единица е Љупчо Балковски, а носител на листата на третата изборна единица ќе биде Стојанче Ангелов.  Во четворката ќе биде Љупчо Георгиевски, а шестката ќе ја носи претставник на Достоинство.

Инаку, овој распоред во најголем дел се поклопува со претходните информации на десниот блок пред да се расцепи на два дела, односно на ВМРО НП, Обединети за Македонија и Достоинство од една страна и Коалицијата за промени и правда од друга страна.



Слично

Поврзани вести