Десковска вели екстерно тестирање нема да има
Идната министерка за образование и наука, Рената Десковска на прес конференција во Собранието денеска изјави дека екстерно тестирање нема да има.
Таа додаде дека одблокирана е работата на Собранието и направен е договор за неколку комисии меѓу кои и Комисијата за образование и уште утре на дневен ред ќе биде екстерното тестирање.
„Оваа година екстерно тестирање нема да има. За таа цел утре пред пратениците ќе ги достават измените на законите за екстерно тестирање. Затоа се формираат и комисиите кои ќе ја одблокираат работата на Собранието. Се надевам дека законот ќе биде донесен без потреба, новиот министер за образование и наука да бара алтернативни методи за укинување на екстерното“- вели Дескоска.
Таа се надева дека опозицијата ќе соработува и ако е потребно ќе се работи и во сабота и недела, а дури може да се употребат и резервни варијанти (овластување на министерот) за измена на овој закон.
