Дескоски за скандалот со Србија: Добар епилог на непотребна драма
Добар епилог на непотребна драма, која има подлабоки корени од тоа што српскиот претседател сака да прикаже, анализира универзитетскиот професор Тони Дескоски во интервју за ТВ24.
Тој вели дека српските разузнавачки служби се длабоко пенетрирани во Македонија и тоа во соработка со поранешната Влада, а случајот со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ само го докажа тоа.
Десковски гледа прекршување на оската Москва - Белград - Скопје, но и политиката воспоставена од Орбан, Вучиќ, Груевски и Ципрас.
„Оваа дипломатска криза изби неочекувано, немаше некое објаснување, имаше веднаш ретерирање“ - вели професорот.
Додава дека политиката на Србија и Македонија се разидуваат, а колку Македонија се приближува кон НАТО, толку се прават проблеми непотребно, бидејќи Србија трпи притисок да престане да биде фактор на нестабилност во регионот.
Србија оправдано е изложена на столбот на срамот, додава тој.
